За содата бикарбона може да се прочитаат многу работи на интернет, како таа се користи како лек, за чистење во домаќинството и слично. Но, кога станува збор за здравјето, дали содата навистина има ефект, што е вистина, а што заблуда објасни гастроентерологот, професор д-р Војисалав Перишиќ во емисијата „Јутро“ на српската телевизија ТВ Прва.
„Содата бикарбона е натриум бикарбонат и е нормален дел од составот на нашиот организам. Важно е да се измери нивото на бикарбонти во телото. На пример кога ќе ни донесат пациент во многу тешка состојба, прво што правиме е да провериме дали има ацидоза, а тоа значи мерење на нивото на бикарбонати“, вели докторот и додава дека доколку нивото е премногу ниско тогаш на пациентот му се дава токму бикарбонати.
Д-р Перишиќ откри и како во пракса ѝ помогнал на мајката не едно бебе да се ослободи од габата на јазикот на бебето, кога лековите веќе не можеле да помогнат.
„Тоа е стар рецепт – 1 дл вода и 1,5 лажички сода бикарбона. Се раствора, па земате со газа и го потопувате местото. Ја чистите усната шуплина. Габите не ја поднесуваат содата бикарбона. Потребно е едно 6-7 пати да ја чистите усната шуплина со растворот со сода, секој пат после оброк, за да ги отстраните наслагите од кандида“, објасни докторот.
Што се однесува до објавите дека содата лечи и рак, докорот вели дека тоа не е точно.
„Содата не помага во лекувањето на ракот, но им помага на пациентите кои се во лоша состојба поради некој вид малигнитет, и имаат ацидоза. Всушност, со земањето на растворот со сода бикарбона само ја „лекувате“ ацидоза и ја подобрувате состојбата на целиот организам, кој потоа подобро се бори против ракот“, вели докторот.
Професор Перишиќ призна дека и самиот зема сода бикарбона кога има горушица затоа што таа ги олеснува стомачните проблеми. Сепак, постои ограничување. Овој „лек“, сода растворена во вода, делува половина час и проблемите поради кои тој се зема се враќаат по тоа време…
А дали треба да ја пиеме секојдневно, како што некои препорачуваат или колку е добро толку е и лошо, професорот Перишиќ вели дека содата ја менува pH вредноста во организмот околу половина час и помага за многу луѓе кои страдаат од гастритис, но не е лек.
„Многу луѓе веќе ги имаат симптомите уште рано наутро. Тоа е таканаречениот утрински секрет, кога киселината почнува да се лачи. Содата бикарбона ќе го олесни тој проблем во желудникот и толку. Ефектот е крајно привремен“, посочува докторот и додава дека таа нема да го излечи гастритисот.
Содата е многу ефикасна против кандидата, особено ако се работи за вагинална инфекција.
„Во 1 дл вода растворете 7г сода и со тој раствор измијте го местото. Габата не поднесува алкален медиум. Нашиот дигестивен систем има алкална pH вредност и содата ја одржува. Ако јадеме многу шеќер , pH вредноста е нарушена. Тука не помага само содата, туку потребна е и диета“, забележува професорот.
Професорот исто така даде одговор за праксата што ја практикуваат многумина, користат раствор од сода за плакнење на грлото и усните, особено за болки во грлото.
„Усната шуплина е полна со бактерии, тие ферментираат и се создава ниска рН, идеална за кандида. Ако ја плакнеме устата со сода бикарбона, ја креваме рН над 7,45 и таа исчезнува. Се согласувам дека помага”, објаснува гастроентерологот, но не значи и дека ќе излечи нешто како што е Ковид 19.
Докторот даде одговор и на еден пациент кој се јави во програмата и праша за неговиот фоликулитис, како што објасни, наводно во коренот на неговите влакна има стафилокок и има гнојни мозолчиња по целото тело…
„Многу мажи се депилираат, притоа предизвикувајќи воспаление на корените на влакната. Потребно е да се мијат два пати на ден со антисептичен сапун и да се депилираат правилно. Не би било лошо еднаш дневно да се мие целото тело со антисептички раствор. Бактериите од кожата влегуваат во косата, во овој случај хигиената е најважна“, советува докторот.
Докторот посочи и дека содата што може да се најде на пазарот како специјална за медицинска употреба е многу малку различна од обичната.
„Нема разлика. Всушност има многу мали разлики, но практично неважни. Ве молам, не трошете си ги парите залудно! Разликата е во малата количина на натриум бикарбонат во сода бикарбона…“ објаснува докторот.
И можеби најважното прашање, дали храната, особено овошјето и зеленчукот, треба да се мијат со сода бикарбона кога на малите деца им се воведува немлечна храна.
Докторот вели „Апсолутно да. Ако го користиме растворот, ги отстрануваме нечистотиите, хемијата и маснотите, така што апсолутно да, околу 15 минути“, заклучи докторот.