Ама баш полна Месечина над Јужна Америка

ПАТУВАЊА

Буенос Аирес, Сантијаго и Каракас, главните градови на Јужна Америка, ноќеска биле осветлени од полна Месечина, а фотографиите што доаѓаат од регионот се навистина неверојатни.

Огромна блескава топка, или како што ја нарекуваат супер-Месечината се издигнала високо над Аргентина, Венецуела и Чиле.

И додека за романтичните души се чинело дека ноќта никогаш не била потемна, Месечината јасно се отсликувала во водите на реката Ла Плата во Буенос Аирес, Големата прекрасна Месечина блескала и над Каракас и над планината Авила, а не се криела ниту во Сантијаго, главниот град на Чиле.

Супер-Месечина всушност е популарното име што ѝ е дадено на Месечината кога таа е полна и е најблиску до Земјата. Ова во медиумите честопати погрешно се опишува како некаков феномен, а астрономите не го сакаат тоа име и велат дека станува збор за сосема природна работа.

Фото: Profilmedia

И се разбира Супер Месечината не ги заборавила ниту САД од каде ни доаѓа оваа прекрасна фотографија што ја објавија речиси сите американски медиуми.