Зборовите на Ворен Бафет можат да ги „срушат“ акциите на „Ејпл“

Акциите на „Ејпл“ минатата недела ослабнале за 4 проценти. Случајно или не, тој пад се совпадна со зборовите кажани од Ворен Бафет. Имено, неговата компанија „Беркшир Хатавеј“ откри дека донекаде ја намалила изложеноста на акциите на „Ејпл“. Сепак, таа сè уште има дури 887 милиони акции на „Ејпл“, кои во моментов вредат 115 милијарди долари […]