(ВИДЕО) Гостите мора да поминат курс за преживување: Како изгледа нов апартман во леден хотел во Шведска?

ПАТУВАЊА

„Icehotel“ во Шведска е дефинитивно еден од најстудените хотели во светот, а неодамна беше претставен и неговиот нов апартман.

Овој хотел бил отворен пред пет години и работи во текот на целата година. Хотелот има бар, уметничка галерија и неколку апартмани.

Според податоците од официјалната веб-страница, температурата во внатрешноста на хотелот се движи од -5 до -7 Целзиусови степени. Гостите добиваат вреќи за спиење и мора да посетат курс за преживување за да се прилагодат на оваа ледена средина.