Зборовите на Ворен Бафет можат да ги „срушат“ акциите на „Ејпл“

ПАРИ SLIDE

Акциите на „Ејпл“ минатата недела ослабнале за 4 проценти.

Случајно или не, тој пад се совпадна со зборовите кажани од Ворен Бафет.

Имено, неговата компанија „Беркшир Хатавеј“ откри дека донекаде ја намалила изложеноста на акциите на „Ејпл“. Сепак, таа сè уште има дури 887 милиони акции на „Ејпл“, кои во моментов вредат 115 милијарди долари на пазарот.

Во исто време, неговата компанија двојно го зголеми својот удел во „Веризон“ (купи акции во вредност од 8,6 милијарди долари), а исто така Бафет се „обложи“ и на растот на акциите на „Шеврон“, односно влезе со удел од 4,1 милијарди долари.

А, што продаваше Бафет во последно време?

Покрај акциите на фармацевтскиот концерн „Фајзер“, тој ги продаваше акциите од банките „Џеј Пи Морган“ и „Велс Фарго“, пренесе порталот „SEEbiz“.