Бензините и дизелот со иста цена, поевтинува екстра лесното масло

ИНФОРМАЦИИ

Од ноќеска на полноќ нова пониска цена ќе има Ексстра лесното масло за домаќинство за половина денар, а малопродажните цени на бензините и дизелот остануваат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Според одлуката малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката од 25 јануари 2021 година.

Од ноќеска на полноќ  максималните цени на нафтените деривати, како и изминатата недела ќе изнесуваат 61 денар за литар Еуросупер БС-95, 63 денари Еуросупер БС-98, 52 денара Еуродизелот. Новата малопродажна цена на  Екстра лесното ќе изнеусва 41 денар, а малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,168 денари за килограм и ќе изнесува 31,436 денари.