Во земјоделското производство неколку аспекти се клучни за успешна реколта, конкурентност и профитабилност. Еден од нив е новата модерна технологија која значително ја олеснува работата, ги зголемува продуктивноста и квалитетот на родот. Кога на ова ќе се додаде и сигурен пласман преку Договорно производство, тогаш успехот е неминовен.

Таков е примерот со производството на пиперки и краставици во пластеници на младиот земјоделец Андреј Андонов од село Банско – Стумичко кој заедно со компанијата МН- Компани организирале Договорно производство.

Неговото позитивно искуство од оваа соработка можете да го погледнете во видеото во продолжение.
Извор: АГРОТИМПРО
