(ВИДЕО) Производство на пиперки на фолија: Принос до 50 тони од хектар, порано за берба и подобра цена

ПРЕДЛОГ FEATURED 2

Производство на пиперки на фолија во Пелагонискиот Регион

Во овој Бизнис-модел на АгротимПРО ви го пренесуваме искуството во производство на куртовска капија на најлон во споредба со традиционалниот начин на одгледување на пиперката.

Компанијата „Victory Food“ во соработка со земјоделскиот производител Кирил Мантевски од Битола втора година по ред организираат производство на овој начин.

„Моментално сме дојдени за да видиме една разлика во делот на производството и што значи професионално производство во однос на традиционалното и кои се предностите на производство на куртовската капија под најлон, наводнувана со систем за едногодишна употреба капка по капка“, вели Томе Минчев од Victory Food.

„Со Victory Food се знаеме подолго време. Почнавме да работиме со пиперката, на неколку состаноци заедно баравме начини како да работиме нешто друго от тоа што се работеше досега. Новиот начин на производство на пиперката е тоа што пиперката садена на фолија, на пример на еден корен од 13-14 пиперки, не фаќа подгорец, нема испарување на почвата, кога ќе има дождови да заболува пиперката. Кај другиот начин на садење пиперка без фолија се јавуваат повеќе болести, пиперката има подгорци и е понеквалитетна. Значи поголем квалитет, поголем придонес. На еден хектар 45 до 50 тони загарантирано се произведува пиперка на овој начин, а на начин без фолија, преиносите се многу помали.“, рече земјоделецот Кирил Мантевски.

Томе Минчев објасни како одлучиле да започнат со производството на пиперка од расад.

„Уште на почетокот, кога запчнав да работам на овие површини, на овие простори во Пелагонија, видов дека за жал никој не произведува пиперка од расад. Така почна целата приказна да започнеме да произведуваме пиперка од расад како пилот-проект, прво ние самите, а после со поддршката што ја добивме. Уште минатата година се увиде која е разликата, кои се предностите во делот на квалитетот на робата, на пласирањето, а пред сè на приносот. Тоа е она што земјоделецот во некои тешки услови може да се бори – единствено нешто е преку приносот. Пробавме и дел од земјоделците увидоа што значи производството на пиперка од расад. Една од многу клучните и важни разлики меѓу традиционалното производство и ова производство е намалувањето на трошоците, бидејќи овде, можам да кажам е полуавтоматизирано производство.

Што значи тоа? Со машина се поставува системот за наводнување капка по капка, најлонот исто се поставува машински, а и самото расадување на пиперката се врши со специјална машина за расадување, што оди релативно брзо. Овој хектар, со добра организација можеме да го расадиме за два дена, што заштедува сериозни финансии.

„Многу брзо се развива. Претежно пиперката со обичен расад се сади 10-15 мај, а овие две години ја садам на 15 јуни и секогаш стигнува побрзо“, вели Мантевски.

Минчев вели дека главна цел им е да се подигне квалитетот на пиперката за да може да се добие подобар пласман.

„Се трудиме и ние, а и земјоделците се трудат да го постигнат квалитетот што го побарува купувачот, дали е индустрија или праќаме за свеж пазар. Сакам да потенцирам дека крајната цел со подобрувањето на производството и на квалитетот е ние да го подигнеме квалитетот на готовиот производ и како таков да може да оди за свеж пазар. Многу е тешко пиперката од традиционалното производство да ја пласираме на некои европски пазари. Подигнувањето на овој квалитет би значело и пласман на пиперката за извоз. Тоа би го растоварило земјоделецот, би дошло до побрза наплата на пиперката. Крајната цел – можеме, имаме цел да пораснеме доколку го зголемуваме квалитетот и истата пиперка оди за извоз.“

„Поддршката беше стимулирање на фолијата, капка систем од страна на Victory Food и загарантиран откуп. Треба да се направат договори. Тоа за секој земјоделец, за секој производител е најголемото нешто што го сака – да има сигурен пласман, сигурна цена и мислам дека не е проблем да се насочат производителите, земјоделците на производство на пиперка на ваков начин.“, додава Кирил Мантевски.

„Партнерството се состои во тоа да се сигурни дека тоа што ќе го произведат, ќе им биде откупено по една фер и коректна цена и платено во еден фер и коректен период за да можат да планираат и за наредната година.“, вели Минчев.

И за Мантевски партнерството со Victory Food има големо значење.

„Партнерството со Victory Food за мене е многу важно и ќе продолжам и понатаму да соработувам сè додека имаме согласност меѓусебе. Мислам дека и понатаму ќе се согласуваме и ќе одиме напред.“

Активноста се реализира со поддршка од Increasing Market Employability – IME

Извор: Агротимпро

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *