Ретроспективна изложба: 100 години од раѓањето на Вангел Наумовски

ПРЕДЛОГ

Во чест на големиот македонски празник Илинидин и по повод 100 години од раѓањето во Охрид вечерва во 24 часот ќе биде отворена ретроспективна изложба со уметнички слики од сликарот Вангел Наумовски.

Настанот ќе се одржи во галеријата „Охридска порта – Љубица“.

Поздравни говори ќе одржат синот на уметникот, Рубенс Наумовски, градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, како и Јордан Плевнеш. Ќе бидат прикажани инсерти од архивски видео материјали – Кирил Темков со Вангел за Вангел, а музичко интермецо ќе одржи гитаристот Владимир Василевски Четкар. За неговото творештво од архитектонски аспект ќе зборува архитектот Иван Групче на тема „Импресии“, како и Трајко Митревски за „Универзумот на Вангел Наумовски“.

Подоцна, на 2 Август во Куќата на Робевци во 20 часот ќе бидат престаени негови дела од колекцијата на Специјализираната болница за трауматологија и ортопедија Св. Еразмо.

Уметникот кој го воодушеви светот, Наумовски е роден 1924, а почина во 2006.