Непознат човек му дал милион долари да си го спаси животот, да ги среди бизнисот и долговите. Кога посакал да ги врати парите сфатил дека е измамен

ПОЗИТИВНО FEATURED 1

Во текот на осумдесетите годидини во САД еден сметководител долго време работел со тешкотии, неговите услуги престанале да се продаават, имал многу долгови и тешко врзувал крај со крај. Помислил да ја затвори компанијата, но една прошетка во паркот му го променила животот.

Додека седел на една клупа во паркот до него пристапил еден непознат човек и започнале да разговараат.

Ни самиот не знаејќи зошто, му се отворил на непознатиот како на никого дотогаш, му ги кажал своите проблеми, му рекол дека првпат доаѓа во паркот бидејќи долго време бил преокупиран со работата и немал време да здивне. Му открил и дека помислува да посегне по соствениот живот.

Дошол во паркот да размисли и да одлучи дали да ја затвори неговата компанија и да си најде друга работа за да успее да ги покрие трошоците, бидејќи не можел повеќе да продожи.

Но, тогаш за чудо непознатиот му понудил помош и тоа не било каква, туку финансиска. Од џебот извадил чек од милион долари и го прашал дали ќе му бидат доволни за да не се откажува. Не поставил никакви услови, ниту пак кажал рок до кога да му ги врати парите.

Првично се противел, но непознатиот инсистирал да го земе чекот.

На крајот ги зел парите и му рекол дека се надева дека еден ден ќе успее да му ги врати, иако непознатиот не кажал ништо за враќање на парите.

Се разделиле пријателски а сметководителот веднаш побрзал назад во компанијата за да размисли што и како да прави со парите.

Но, кога седнал на неговата работна маса сфатил дека не е убаво да троши туѓи пари за неговите лични проблеми. Одлучил да го чува чекот и да најде начин сам да се извлече од колапсот, па ако не успее тогаш да го активира чекот.

Ден по ден се отворале вратите, тргнала и работата, кога не одело најдобро секогаш помислувал, имам чек од милион долари, нема зошто да се грижам. За една година долговите ги намалил на половина, а за две веќе немал никакви долгови. Трендот со неговиот бизнис се движел во добра насока.

Тој сфатил дека е време да го врати доброто што му го направил непознатиот, иако не ги искористил парите сепак му дале сигурност и желба да продолжи.

Повторно отишол во паркот да го бара пријателот. Не го нашол. Цела недела го барал, но од непознатиот ни трага ни глас.

Не можел да си прости што не му зел контакт телефон или адреса каде живее за да може полесно да го најде.

Се вратил во канцеларијата и го отворил именикот барајќи го по име и презиме од чекот.

Вртел на телефоните, но ниту еден од тие што ги нашол не одговарале на описот што го барал, или биле премлади, или одамна не биле помеѓу живите, ниту на денот кога го зел чекот.

Очаен повторно се решил да се обиде во паркот.

И му се посреќило. Го здогледал човекот оддалеку како го внесуваат во болничко комбе. Веднаш протрчал да види да не му се случило нешто. Но, кога се доближил до комбето болничарот го запрел и не му дозволил да влезе.

Кога го прашал зошто, овој му рекол дека непознатиот е всушност психијатриски пациент кој повремено бега од болницата и се шета во паркот.

Веднаш му рекол дека не е така и дека човекот е многу богат и му подарил чек од милион долари, држејќи го во рацете чекот што го примил токму од тој човек. Болничарот се насмеал и му рекол дека тој на сите им дава такви чекови, но тие се лажни чекови и не вредат, немаат покритие. Ако се обиде да го реализира чекот ќе сфати дека е така. Бизнисменот се повекол и побарал адреса каде може да го посети, бидејќи иако му дал лажен чек и лажна надеж, сепак му помогнал како никој друг во животот. Со помош на тој лажен чек се спасил од големите долгови и од банкрот. Милион долари се милион долари, па макар и лажни. Тој никогаш не се обидел да го реализира чекот, но сигурноста што тој му ја дал му помогнала да погледне на работите од поинаков агол и да сфати дека и покрај тоа што бил во многу тешка ситуација и му се чинело дека нема излез, сепак имало начин. Непознатиот му го запалил светлото во неговата темица и му помогнал да го види тоа што без неговиот чек не го гледал, патот до успехот.

Ако се прашувате кој е бизнисменот, се работи за познат сметководител од осумдесетите години на минатиот век во чија канцеларија во САД се уште стои врамениот лажен чек од милион долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *