ПОУЧНА ПРИКАЗНА: Што научил синот на богатиот од сиромашниот живот на село

ПРИКАЗНИ FEATURED 1


Да се биде богат, значи да се има многу пари, барем така велат многумина. Оваа приказна во продолжение потсетува на најголемите вредности во животот.

„Еден ден таткото, инаку многу богат човек, решил уште од мал да го научи својот син како живеат сиромашните и го однел на некое време да живее во село. По еден месец живот со семејство, кое било многу сиромашно, таткото отишол повторно во селото за да си го земе синот. Додека патувале кон нивниот дом, таткото го прашал синот:

-Како ти се допадна селото?“ – на што момчето одговорило:

-Супер!

-Разбира ли сега како живеат сиромашните луѓе?, прашал таткото.

-Да, разбирав, одговорил синот.

-Тогаш кажи ми, што научи на ова патување?

-Видов дека ние имаме едно куче, а тие имаат четири. Нашиот базен е до средината на дворот, а нивната река нема крај. Ние имаме кинески светилки во дворот, а тие имаат бескрајно ѕвездено небо. Нашиот поглед допира до оградата, а тие имаат цел хоризонт пред себе. Ние живееме на мало парче земја во споредба со нивните бескрајни полиња. На нас ни помага лична служба во секојдневието, а тие им помагаат на другите. Ние купуваме храна, тие сами си ја берат. Околу нашата куќа имаме ѕидови за за да не штитат, а нив ги штитат пријателите…

Таткото останал без текст. Потоа синот додадел

-Ти благодарам тато што ми покажа колку сме сиромашни“.