И во Холивуд се слави нашиот Божиќ: Светски ѕвезди кои се православни

ЗАБАВА FEATURED 1

Повеќето холивудски ѕвезди го слават Божиќ според Грегоријанскиот календар, на 25 декември. Оние кои не го прават тоа се претежно атеисти, а само неколку од нив го слават православниот Божиќ.

Актерката Џенифер Анистон го наследила православното христијанство од нејзиниот татко Џон Анистон, кој е роден како Јанис Анастасакис на Крит. За овој празник актерката дава добротворни прилози за црквата под покровителство на Вселенската патријаршија.

Манекенката Наоми Кемпбел е исто така православна христијанка, а стана член на Руската православна црква додека беше во врска со рускиот тајкун Владислав Доронин.

Кога се ожени со својата колешка Рита Вилсон, актерот Том Хенкс одлучи да стане православен. Таткото на Рита е од Бугарија, додека нејзината мајка е Гркинка со потекло од Албанија.

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан е родена во Лос Анџелес, но има ерменско потекло. Таа е четврта генерација откако нејзиното семество емиграло од Ерменија во САД, а нејзините предци живееле на територијата што денес ѝ припаѓа на Турција.

Актерот Кристијан Бејл тргна по стапките на Том Хенкс и ја смени верата поради љубов кон моделот со српско потекло Сиби (Сандра) Блажиќ. Тој ја прифати православната вера откако се ожени со Сиби, во 2000 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *