На почетокот на месецов, 62-годишен Германец го паркирал својот автомобил во катната гаража во Оснабрик, град со 165.000 жители. Тој се паркирал и отишол на состанок, а потоа не можел да се сети каде го оставил своето возило.
„Не ни знам колку пати бевме во Оснабрик да го бараме неговиот автомобил“, изјавила неговата ќерка Анастасија во средата, откако го пронашле автомобилот.
Таа објасни дека тој немал ни картичка за паркирање со името на гаражата каде што се паркирал, затоа што рампата била отворена, а уредот за издавање картички баш тогаш не работел.
Кога влегол во градот, таткото барал паркинг во близина на центарот, откако се паркирал во гаражата и заминал, подоцна не можел да се сети каде се наоѓа таа гаража, ниту да си го најде автомобилот, па се вратил дома со воз.
Три недели таткото и ќерката ги пребарувале гаражите во Оснабрик, а такви во центарот ги има 15. На крајот, тие контактирале со медиумите, па жител на тој град ги известил дека го нашол нивното возило.
Автомобилот бил во хотелска гаража во центарот на градот, а откако дошле да си го земат, требало да платат и трошоци за паркирање во висина од 437 евра.
Сепак, менаџерот на хотелот им го простил овој долг, бидејќи, како што изјавил за медиумите, сакал „од Осинбрик да си заминат со добар впечаток“.