Преку оглас сe продаваат родители

ЗАБАВА

Во jaпонски локален весник се појавил следниот оглас: „Се продаваат родители: татко 68, мајка 66 години. Цена 900 јени “, а реакциите на оние што го прочитале биле: „Во какво време живееме, детето да си ги продава родителите“. „Што работи полицијата?“ „Имаме ли ние социјална служба?!“…

Огласот за многу кратко време станал вирален и е опишан како голем скандал.

Сепак, едно младо семејство, кое неодамна ги погребало своите родители кои загинале во сообраќајна незгода на овој оглас гледале како чудо. За малите дечиња кои останале без мама и тато било многу тешко да разберат како некоја личност може да си ги продава своите родители. Тие одлучиле да се јават на огласот и да ги купат „несреќните“ родители.

Замислете го нивното изненадување кога пристигнале на адресата што им била кажана. На таа адреса се наоѓала луксузна куќа, двор полн со цвеќиња… Помислиле дека згрешиле, сепак се обиделе да прашаат каде е таа куќа од адресата што ја бараат, а насмеаниот господинкој им ја отворил вратата им одговорил дека е токму пред нив.

-Извинете, најверојатно нешто сме згрешиле? – кажале децата.

-Не, не, повелете влезете, не сте згрешиле“, одговорил насмеаниот човек, додавајќи:

-Видете, ние не сме сиромашни, но немаме деца на кои ќе им го оставиме имотот. Затоа, одлучивме да објавиме оглас и бараме само лицето кое ќе се јави на таков оглас да биде достојно за наследството. Знаевме дека само љубезни и хумани луѓе можат да купат двајца стари луѓе. Но, не верувавме дека такви луѓе можеби постојат. Вие сте единствените кои се јавија на нашиот оглас! – објаснил старецот.