Продажбата на сувенири падна поради пандемијата на ковид 19, патуваа само најупорните, но сепак, некои работи никогаш не губат вредност.
Ланецот на одморалишта „Клуб Мед“ неодамна направи преглед на низа сувенири од секоја земја низ целиот свет и состави листа за да утврди кој сувенир е најпопуларен кај туристите кога посетуваат некоја дестинација. Резултатите најверојатно ќе ве изненадат.
Интересно е што на списокот ги нема популарните магнети за фрижидер, кои беа омилен производ многу години наназад како ефтин и импресивен сувенир од некое патување.
Северна Америка
Посетителите во САД обично заминувале со колачи, особено со американско чоколадо, додека туристите кои ја напуштиле Канада, најчесто со себе понеле домашен јаворов сируп, кој особено се користи и е популарен за сервирање на палачинки.
Кафето (Јамајка, Гватемала и Костарика) и румот (Барбадос, Доминика и Никарагва) се исто така многу популарни сувенири од Централна Америка и Карибите, додека познатите кубански пури остануваат далеку најбараниот сувенир што го купуваат туристите при посетата на Куба.
Јужна Америка
Кожната галантерија, кафето, румот и накитот се едни од најпопуларните сувенири во Јужна Америка. Посетителите на Перу вообично си го купуваат познатиот плетен качкет, додека пончото е омилен спомен на туристите кои ја посетуваат Боливија.
Европа
Ако сте ја посетиле Велика Британија и не сте си купиле чадор е исто како и да сте ја посетиле Данска и да не сте си купиле лего коцки.
Чоколадото е најчестиот сувенир што туристите го купуваат во Белгија, Франција и Ирска, додека омилениот сувенир на туристите за спомен на нивното патување во Летонија, Литванија и Полска е накитот, особено килибарот.
Азија
Познатите „руски бабушки“ се наоѓаат во домовите ширум светот како најпродавани и најпопуларни сувенири од земјата што се простира два континента.
Туристите кои ги посетиле Шри Ланка и Бутан претпочитаат да си купат маски, а оние кои ја посетиле Јапонија, дома се враќаат со оригами како омилен сувенир.
Зачините од Индија и чајот од Јужна Кореја се исто така меѓу најчесто купуваните сувенири во овој дел од светот.
Африка
Фустани, туники и килими со живописни бои се најчестите сувенири што туристите си ги купиле за да ги потсетува на патувањето во жешката Африка.
Резбите во дрво се исто така доста популарни, особено кај оние кои ги посетиле Ангола, Конго, Брегот на Слоновата Коска и Централноафриканската Република.
Да си заминеш од Египет и да не се купиш дрвена фараонска маска е исто и како да не си бил во оваа земја.
Океанија
Бумерангот е најбараниот сувенир меѓу посетителите на Австралија. Најпопуларниот спомен од Нов Зеланд е единствениот прстен што сите го видовме во „Господарот на прстените“.
Школките, вклучително и украси и накит направени од школки, се најубавите сувенири за туристите кои ги посетиле Маршалските острови.
Фото: Pixabay
Извор: Телеграф.рс