Во северо-источна Италија, се наоѓа најубавото село што изгледа како да е насликано од некоја бајка. Селото се наоѓа на надморска височина од околу 1.350 метри, опкружено е со прекрасни планини и огромни ливади и е подеднакво убаво во текот на сите четири сезони.
Најпрепознатливиот дел на „Света Магдалена“ е истоимената црква посветена на светицата. Во исто време, Света Магдалена е идеална почетна точка за истражување на Паркот на природата Пуец-Одле, кој со право го носи епитетот „отворена книга за Доломитите“.
Во најубавото италијанско село живеат приближно 400 луѓе и сите се занимаваат со туризам. Превкусната домашна храна, мешавина на италијанските вкусови со влијание на австриската кујна ги дополнително ги воодушевува гостите на „Света Магдалена“, па затоа повтоно и повторно се враќаат во овој дел на Италија.
Во август 2009 година, заради живописната убавина и исклучителното геолошкото и геоморфолошко значење, Доломитите беа запишани на списокот на светско наследство на УНЕСКО.
Планинарите тешко можат да одолеат да не ги посетат Доломитите, планинскиот венец на италијанските Алпи со 18 врвови. Овде може да се видат едни од најубавите планински панорами во светот со стрмни карпи, зелени ливади, водопади и огромни долини.