Почина гитаристот и вокал на легендарните „Бис Без“, Станислав Длака. Неговото семејство објави дека тој починал ненадејно синоќа на 81-годишна возраст.
Станислав Длака својот работен век го помина во МРТВ, а по професија беше директор на фотографија.
Тој заедно со Ламбе Смилевски (бас гитара), Константин Икономов-Коце, Димитар Чемков-Циме, Димитар Попанков и вокалот Стевче Јаневски-Чивчи во 1966 година ја оформи легендарната група „Биз Без“. Во бендот подоцна се приклучија и други членови.