Македонските ракометари се пласираа во главната фаза на СП
Македонската ракометна репрезентација обезбеди пласман во втората, главна фаза на Светското првенство во Египет, откако попладнево во Каиро го совлада Чиле со 32:29. Во Главната фаза ривали на македонските ракометари ќе бидат Белорусија, Словенија и Русија.
