Oaза на слободата за туристите: Тука доаѓаат затoa што се чувствуваат сигурно

ПАТУВАЊА

Додека поголемиот дел од Европа и остатокот од светот живеат во страв и со можност за нови пандемски ограничувања, Обединетите Арапски Емирати станаа оаза на слободата за туристите од целиот свет.

Градот со најголем туристички потенцијал во оваа земја е Дубаи, а празниците беа обележани со речиси целосно исполнување на хотелските капацитети и покрај пандемијата на коронавирусот.

Многу славни личности ги искористија новогодишните празници за дa дојдат в градот каде што во моментот не може да се забележи нуту страв од коронавирусот. Во првите денови од 2021 година аеродромите беа преплавени со туристи од Русија, Франција, Велика Британија, но и другите европски и светски земји.

Дубаи имаше „затворање“ на свој начин на почетокот на 2020 година, исто како и другите поголеми градови низ светот. Сепак, во мај, минатата година, градот започна со олеснување на мерките.

Обединетите Арапски Емирати започнаа со програмата за вакцинација, па затоа наскоро започнаа да пристигнуваат и резервации во хотелите од туристи од сите делови на светот. Исто така, пазарот на недвижнини, кој беше во голем пад на почетокот на 2020 година, бележи нов раст.

Успехот во Дубаи е резултат на работата на владата на Емиратите, која обезбедила големи количини вакцини против коронавирус во последните неколку месеци, а целта им е да се вакцинира 70% од населението годинава.

ОАЕ во моментов е втора земја според ефикасноста на вакцинирање на населението, а земјата најмногу купувала вакцини од компанијата „Фајзер“ и кинеската „Синофарм“.

Иако коронавирусот сè уште е присутен во оваа земја, вклучувајќи го и новиот сој што се шири низ целиот свет, „Емиратите“ ги обезбедиле сите услови туристичките капацитети на градовите како Дубаи да продолжат да функционираат без поголеми проблеми.

Рестораните и кафулињата работат како пред пандемијата, а туристите можат да уживаат во забавите што се организираат во согласност со епидемиолошките мерки, објави порталот Кликс.