Папараците го „фатиле“ како се дружи со бездомници, често лутал низ градот… Сите пари на Кијану Ривс завршиле во добротворни цели

ПОЗИТИВНО

Канадскиот актер Кијану Ривс е познат по тоа што го игра главниот лик „Нео“ во популарната акциска трилогија „Матрица“, но и по тоа што на маногу начини се разликува од неговите колеги.

Тој нема замок, вили и луксузни работи, живее едноставен живот и многу често може да се сретне на улица.

Она што помалку се знае за него е тоа што кога имал 3 години, неговиот татко го напуштил и пораснал со 3 различни очуви. Ривс исто така е дислексичен.

Неговиот сон бил да стане познат играч на хокеј, но по тешка несреќа тоа пат веќе не бил возможен.

Неговата сопруга загинала во сообраќајна несреќа, а неговата ќерка починала при раѓањето, Неговиот најдобар пријател Ривер Феникс починал од предозирање. Неговата сестра се борела со леукемија.

Без телохранители, без луксузни куќи, Кијану живее во обичен стан и сака да талка низ градот, па често го гледаат како се вози во метрото во Њујорк.

Кога го снимал филмот „The Lake House“, го слушнал разговорот на двете костимографки, од кои едната плачела затоа што ќе ја изгубела куќата ако не платела 20.000 долари. Истиот ден, Кијану го депонирал бараниот износ на нејзината банкарска сметка.

Во неговата кариера донирал големи суми на пари во хуманитарни цели, на болници, вклучувајќи 75 милиони долари од неговата заработка од „Матрикс“.

Во 2010 година, на неговиот роденден, Кијану влегол во пекара и си купил малко колаче со една свеќа колку симболично да го прослави неговиот ден, го изел пред пекарата и им понудил кафе на сите кои биле присутни.

Во 1997 година, некои папараци го нашле рано наутро како шета во друштво на бездомници во Лос Анџелес, слушајќи ги и споделувајќи делови од својот живот со нив.

Во животот, понекогаш најскршените одвнатре се најподготвени да им помогнат на другите.

Овој човек можел да купи сè, но наместо тоа, тој секој ден избира една работа што не може да се плати со пари: Се грижи за другите.