На 82-годишна возраст вчера почина Трајан Петровски, поранешен амбасадор на СФРЈ и на Македонија во Египет, Турција, С. Арабија, ОАЕ, Узбекистан, Казахстан, Азербејџан и Киргистан.
Петровски е првиот нерезидентен амбасадор на Репубилика Македонија деташиран во Анкара во јуни 1992 година.
Како што соопшти Дипломатскиот клуб – Скопје, Петровски како исткнат дипломат над три децении со непокор работеше на етаблирање на органите за надворешни работи на нашата држава и беше еден од незаменливите дипломати-промотори на македонската култура во светот.
Професионалниот дипломатски ангажман на Петровски, се посочува, во многу ја збогати и мултудимензионално ја постави неговата литературна вокација, а неговите романи, поезија, есеи и патеписи ги проширија културните реалности и вредности на Македонија низ светот.
Петровски е автор на многу збирки поезија, романи, а неговите дела се преведени на повеќе од 20 јазици ширум светот.
Како истакнат член на Дипломатскиот клуб – Скопје, се додава, колегата Петровски даде полн придонес и за аналитичко, систематско и професионално проучување и историографско документирање на активностите на македонската дипломатија во нејзиниот 50 – годишен развој.