„Денот на црвот“ од Симона Јованоска добитник на наградата „Роман на годината“

Романот „Денот на црвот“ ја доби наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“. „Денот на црвот“ претставува успешно книжевно остварување во кое авторката на умешен начин комбинира различни приказни, човечки судбини и егзистенцијални ситуации, се наведува во образложението на жири комисијата за наградата. За победничкиот роман одлучуваше жири-комисијата во состав Владимир Јанковски, […]