Почина кралицата Елизабета Втора

Кралицата Елизабета почина на 96-годишна возраст, соопшти Бакингемската палата. „Кралицата почина мирно во Балморал попладнево. Кралот и Консортот на кралицата ќе останат во Балморал оваа вечер и ќе се вратат во Лондон утре“, соопшти Бакингемската палата. Кралицата Елизабета Втора беше монархот со најдолго владеење во британската историја и најстариот шеф на држава во светот.