МЗ: Полицискиот час ќе продолжи и неделава

Министерството за здравство информираше дека полицискиот час што беше воведен на 10 март со траење од 22 до 5 часот ќе продолжи. Од таму за МИА велат дека во текот на неделава ќе се разгледа актуелната епидемиолошка состојба и ќе се утврди дали е потребно воведување дополнителни рестриктивни мерки.