Oд утре, 5. мај, полицискиот час ќе започнува од 23 часот

На денешната 68-ма седница Владата на Република Северна Македонија донела одлука за измени и дополнувања за ограничување на движењето на граѓаните согласно која од 5 мај, среда, забраната за движење наместо од 21:00 часот, ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден. Соодветно на овие измени угостителските објекти ќе бидат […]

Oд утре забрана за движење од 21 часот, летните тераси на угостителските објекти да работат до 20:30 часот

На денешната седница Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и донесе измени и дополнувања на мерките за заштита и спречување на ширењето на КОВИД-19: -Од 28 април забраната за движење почнува од 21:00 и ќе трае до 5:00 часот наредниот ден. Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови […]

Koмисијата ќе предложи олабавување на рестриктивните мерки, за Велигден и Бајрам да нема полициски час

 Комисијата за заразни болести ќе ѝ предложи на Владата за претстојните верски празници, Велигден и Рамазан Бајрам, во сабота кон недела и 12 кон 13 мај, да нема полициски час и граѓаните да можат слободно да се движат, со почитување на мерките за заштита-носење маска и држење дистанца, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче. Оваа одлука, како и […]

МЗ: Полицискиот час ќе продолжи и неделава

Министерството за здравство информираше дека полицискиот час што беше воведен на 10 март со траење од 22 до 5 часот ќе продолжи. Од таму за МИА велат дека во текот на неделава ќе се разгледа актуелната епидемиолошка состојба и ќе се утврди дали е потребно воведување дополнителни рестриктивни мерки.

Од утре вечер започува полициски час, ќе трае секоја вечер до 22 март

На денешната седница на Владата донесена е одлука за забрана за движење на населението и на возилата од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 22:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, почнувајќи од 10 март 2021 година (среда) до 22 март 2021 година (понеделник). Одлуката за забрана за движење […]