(ВИДЕО) Најмодерна баба во светот, преку ден продава сирење, преку ноќ работи како „диџеј“

ПРИКАЗНИ

Шеесет и шестгодишната Донг Шунтао стана вистинска ѕвезда откако се појави видео на кое се гледа како таа работи како диџеј во бар во Чангши, во кинеската провинција Хунан.

Работата да биде уште поинтересна, кинеската кул баба има редовна дневна работа како продавачка на тофу сирење.

Веселата баба преку ноќ игра и „врти плочи“ со перика и очила за сонце, комбинира рок и локални песни, народни песни, опера и тапани, а преку ден, 35 години, служи сирење. Таа се надева дека во иднина ќе стане вистински диџеј со полно работно време.