(ВИДЕО) Вработените во „Тиквеш“ со својата „Џерусалема“ собраа повеќе од 110 000 прегледи

ПОЗИТИВНО SLIDE

Откако вчера на каналаот на „Јутјуб“ за првпат беше објавена „Џерусалема“ на која играат вработените во „Тиквеш“, денес видеото има повеќе од 110.000 прегледи.

„Тиквеш“ го објави овој спот во пресрет на празникот на лозарите и градинарите „Свети Трифун“.

Песната „Џерусалема“ од Мастер Кеј-Џи, од Јужна Африка, заедно со танц смислен од анголска група, станаа вирален тренд на социјалните мрежи и танцувачки предизвик во време на пандемијата. Продуцентот вели дека секојдневно му стигаат пораки дека песната им го лекува лошото расположение поради КОВИД-19.

Како што соопштија од „Тиквеш“, една од најголемите придобивки била припремата на кореографијата, вежбање и снимањето, кои придонеле за извонреден тим билдинг.

„Токму тоа ни недостигаше во текот на минатата година и успеавме да ја вратиме енергијата во тимот преку ова дружење, преку чувството дека сме сите заедно во ова и дека ја споделуваме истата позитивна енергија“, велат од Тиквеш.

Од компанијата додаваат дека била потребна храброст за да се премине преку коментарите во јавноста за претходните видеа кои беа дел од овој предизвик.