За викендов нè очекува топло време со температури до 20 степени, а од понеделник под влијание на нов влажен бран повторно ќе има врнежи од дожд.
Денеска и утре во утринските часови ќе има магла и ниска облачност по одделни котлини. Во недела ќе има зголемување на облачноста и ќе почне да дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд.
Дневните температури до среда ќе бидат над просекот за овој период од годината, велат синоптичарите.