Ги сметаат за најдобри родители во светот: Имаат 4 фази на воспитување на децата и строго се придружуваат до нив

ПОЗИТИВНО FEATURED 2

Тибетанците се познати по своите мудри и мирни родители. Нивното воспитување на нивните деца го воодушевува светот. Имаат 4 фази на воспитување на децата и строго се придржуваат до тоа, затоа секогаш нивното дете е среќно и задоволно.

Фаза 1: Пред да наполни 5 години

Во овој период, на детето се гледа како да е главно во куќата. Никогаш не е казнето, ​​ништо не му е забрането.

Децата на возраст под 5 години се карактеризираат со љубопитност и активност и се во постојано запознавање со светот. Но, ако нема стекнато искуство за нешто, детето може сериозно да се загрози себе си. Затоа, за да ги заштитите, не им викајте и не ги карајте, туку насочете го неговото внимание кон нешто друго.

Фаза 2: Од 5 до 10 години

Во оваа фаза, родителите се однесуваат со своите деца како со „робови“, но без да бидат сурови кон нив. На оваа возраст, се гради логиката кај децата, и се развива нивниот интелект. Многу е важно на детето да му покажат моделите што треба да ги следи. Сепак, внимаваат да не го оптеретат детето со нивните желби.

Фаза 3: Од 10 до 15 години

На оваа возраст, на децата се гледа како на возрасни. Родителите бараат совети од децата, ја охрабруваат нивната независност. Можеби понекогаш ќе треба да му предложите како да се однесува, но во никој случај не им наредувајте или пак да им браните нешто.

Тибетанците веруваат дека родителот мора да гради најсигурна врска со своите деца. Во никој случај не треба да му наметнувате активности на детето, туку треба да го водите, охрабрувате и одвраќате од лошото однесување.

Фаза 4: 15 години и постари

До петнаесет години, детето го завршило процесот на формирање на личноста. Отсега натаму, треба да го почитувате вашето дете. Што направивте до 15-та година, тоа е! Тибетанците веруваат дека најважно е добро да се воспита детето на рана возраст, не можете да менувате личност на повеќе од 15 години!