Деветоодделенецот Павел Милановски oд Куманово победник на глобалниот натпревар на ФАО

ПОЗИТИВНО SLIDE

Деветоодделенецот Павел Милановски oд Куманово ја освои првата награда на глобалниот натпревар на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) за постер кој им оддава признание на земјоделците како херои на храната.

Тој е ученик во кумановското основно училиште „Кочо Рацин“, а своето образование сака да го продолжи во оваа насока и да се запише во средното уметничко училиште.

Наградата ја добил во силна конкуренција на ученици од 13 до 15 години.

Ученикот раскажува дека штом ја дознал темата од менторот се потсетил на исклучителниот труд, желбата за добро производство на негов стар роднина-земјоделец. Со цртежот, сака да упати порака дека земјоделците се суперхерои во денешно време кои со исклучителен напор произведуваат здрава храна.