Државниот инспекторат за животна средина ја лансираше платформата „Пријави загадување во два чекори“

ИНФОРМАЦИИ

Државниот инспекторат за животна средина ја лансираше платформата „Пријави загадување во два чекори“.

Пријавувањето е едноставно, со испраќање порака преку фејсбук страницата на ДИЖС, мејл адресата prijavi@sei.gov.mk, веб-страница www.sei.gov.mk , и преку полето „Пријави“ не е-мапата на загадувачи www.mapanazagaduvaci.mk. Во пријавите граѓаните треба накратко да го опишат проблемот кој го пријавуваат, да ја наведат локацијата каде забележале загадување, доколку можат да испратат фотографија и видео и да остават нивни податоци, за да можат инспекторите да ги исконтактираат, појасни директорката на ДИЖС, Ана Петровска.

Платформата е изработена во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамки на кампањата „Разбисти сѐ“, која е финансирана од Британската амбасада во Скопје.