Откако останала сосема сама, една баба со години во својот дом чувала „тајна“. Таа толку многу се плашела нејзината „тајна“ да не се открие што не пуштала никого да влезе внатре. Така само уште повеќе се изолирала од светот и од соседите и била уште повеќе осамена. На крајот почнала и да не излегува од дома и не верувала никому.
Една помлада нејзина сосетка, Луси, знаела дека бабата има проблеми и дека не пушта никого во својот дом. Исто така знаела и дека бабата нема семејство.
Одлучила да ја добие довербата на бабата и да влезе во нејзиниот стан. Се обидувала со денови, месеци…
Дошол и денот кога бабата ја отворила вратата и со последните сили побарала помош од сосетката бидејќи не се чувствувала добро.
Луси влегла во станот, но она што го видела било шок, ја открила „тајната“ на бабата.
Бабата живеела во многу лоши услови. Сè било старо и во фаза на распаѓање, а на она малку што останало во фрижидерот, многу одамна му поминал рокот. Алиштата, покрај тоа што биле стари, кој знае кога последен пат биле исперени, бидејќи бабата не можела сама, а немала ни машина за перење.
„Тоа што го видов, ќе го паметам засекогаш“, напишала тогаш на својот Фејсбук профил, Луси, во приказната што ја споделила за бабата, додавајќи дека никој не би требало да живее во такви услови.
Она што го направила Луси во тој момент е прво, донела од кај себе храна, алишта и потребни работи за да може да ѝ помогне на бабата да се избања.
Потоа, зела да го чисти станот. Исфрлила сè што може. Направила список на потребни работи за нејзината сосетка.
На крај ја споделила приказната за бабата на својот профил, барајќи ги од добрите луѓе работите што биле на списокот, главно мебел, алишта, основни работи и храна.
За да го заштити идентитетот на бабата таа ја нарекла со „Му ladу“ и ѝ направила посебна страница на Фејсбук.
Нејзината објава многу брзо се проширила на социјалните мрежи, а со тоа за многу кратко време биле собрани сите потребни работи, дури и се јавил човек кој бесплатно го избелил станот на бабата.
За две недели станот на бабата бил речиси нов, а потоа бабата станала подруштвена, си пеела, гледала телевизија и што е најважно примала гости.
Луси во својата последна порака за бабата порача дека навистина не е добро возрасните луѓе да живеат така како што живеела бабата.
-Така живееше речиси пред нашиот нос. Старите луѓе треба да живеат со достоинство, тие се нашето богатство, коментираше Луси.
Бабата е веќе почината, во 2018 година, а за нејзината смрт Луси соопшти на фејсбук страницата посветена на бабата, која собра околу 15 илјади допаѓања и се разбира луѓе кои постoјано ѝ помагале последните две години од нејзиниот живот да ги живее посреќно и во друштво.