Возите „Мерцедес“ благодарение на неа

ПРИКАЗНИ FEATURED 1

На 29 јануари 1886 година, машинскиот инженер Карл Бенц го направил првото возило на бензин во неговата занаетчиска работилница во Манхајм. Овој ден се слави како роденден на првиот автомобил во светот. Но, иако тој го направил тоа што го направил, сепак не седнал зад воланот да се обиде да го вози и да види дали функционира, туку заминал во локалната кафеана да слави.

Неговата сопруга пак, Берта Бенц, е таа која што влезе во историјата како првиот светски возач и механичар на патиштата.

Откако го барала сопругот низ домот, бидејќи детето им било болно, а не го нашла, таа седнала на проектот на нејзиниот сопруг и го возела барајќи го Бенц.

Наскоро низ градот се проширила веста дека сопругата на Бенц управува автомобил, па луѓето излегле на улиците да го видат и да му се восхитуваат.

Веста стигнала до едно кафеаната каде што Бенц славел со пријателите а веднаш потоа и Берта со автомобилот. Зачуден потрчал да ја пречека, но наместо критика, таа добила аплауз и воодушевување од насобраната публика.

Официјалната историографија ја запиша Берта како прв возач на автомобил кога во август 1888 година, без знаење на нејзиниот сопруг, седнала во автомобил со нејзините синови Ричард и Јуџин и ги однела на посета кај нејзината мајка во родниот Пфорцхајм.

На патот, таа се соочила со технички потешкотии и се докажала како многу снаодлива, вклучително и користење на игла за капа за да се поправи затнат вод за гориво.

Следејќи ги железничките пруги, оваа пионерска тура била 106 км во една насока. Со тоа, Берта му докажала на својот сопруг и на светот дека автомобилот е подготвен за употреба и масовно производство.

Податоците за ова возење покажуваат дека за време на патувањето, Берта во неколку наврати морала да направи помали поправки на возилото, што го подобрило за возење во реални услови.

Кога останала без бензин, го наполнила автомобилот со нафта, масло соединение што го нашла во аптека. Таа користела жартиера за да го поправи системот за палење. Цевките низ кои минувало горивото брзо се затнале, па таа ги чистела со игла за прицврстување на капа.

Кога дрвените сопирачки почнале да откажуваат, таа застанала кај чевлар кој ѝ направил пар кожни, што ги создало првите педали за сопирачките.

Берта пристигна во Пфорцхајм нешто пред полноќ, информирајќи го нејзиниот сопруг преку телеграма за успешното возење.

Нејзиниот придонес за унапредување на автомобилите го отвори патот за жените во индустријата.

Името „Мерцедес“, повторно потекнува од жена. Во 1900 година, австриско-унгарскиот дипломат и трговец на автомобили Емил Јеленек од компанијата нарачал 36 автомобили при што побарал тие да се викаат како неговата ќерка „Мерцедес Јелинек“. Подоцна името „Мерцедес“ за проектот на Бенц било заштитено како бренд со три ѕвезди.