Законот променет, ќе може да се увезуваат вакцини против ковид

ИНФОРМАЦИИ

Создадени се законски основи за издавање на одобрение за ставање во промет на вакцините против Ковид 19 кога подносителот на барањето нема седиште на територијата на државата.

Со 70  гласа „за“ Собранието на Република Северна Македонија денеска го донесе Дополнетиот Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапка, со што се создаваат услови за увоз на вакцини за Ковид-19 во земјата. Законот беше поддржан и од опозоциските пратеници.

Во Дополнетиот Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапкасе прецизира дека за ставање на вакцина за SАRS COV 2 во промет, покрај претходно предвидените правни лица, барањето може да го поднесе и производител на лекови со регистрирано седиште надвор од територијата на Република Северна Македонија, правен застапник на странски производител со регистрирано седиште надвор од територијата на Република Северна Македонија,  подружница на странски производител со регистрирано седиште надвор од земјава и  трговско претставништво на странски производител со регистрирано седиште надвор од територијата на Република Северна Македонија.