Намалување на цените на ски –билетите во Ски – центарот „Попова Шапка“

ПОЗИТИВНО FEATURED 1

Ски-центарот „Попова Шапка“ информира дека ги намалува цените на билетите.

– Со намалувањето, од утре, па до крајот на сезоната,  билетите ќе можат да се набават по следниве цени и тоа дневен ски-билет – 800 денари, полудневен ски-билет – 550 денари, детски ски-билет – 400 денари, ноќно скијање – 400 денари, поединечен билет за двосед „Син Врв“ – 150 денари, поединечен билет за шестоседата жичница „Лајтнер“ – 150 денари и поединечен билет за двосед „Св. Илија“ – 100 денари, се наведува во соопштението.

Од Ски-центарот посочуваат дека за сите билети се наплаќа повратна кауција во висина од 200 денари, кои средства се рефундираат при враќање на ски-билетот на благајната.