Почина пејачот Ѓоко Дончев, доајен на македонската народна музика

ТАЖНИ ВЕСТИ

Еден од доајените на македонската народна музика, пејачот Ѓоко Дончев, ненадејно починал вчера во Скопје, соопшти денеска неговото семејство.

Дончев, кој имаше 72 години, е роден валандовчанец, а ја одбележа златната ера во македонската народна музика, со активна кариера над 25 години. Најпознати песни му се „Чуј ги куме свирачите“, „Сношти Кате“, „О, доме мој“ и многу други.

Ќе биде погребан утре на градските гробишта во Бутел.