ФОТО: АГЕНЦИИ
Израел започна со тестирање на нивниот лек против ковид „Allocetra“.
Дали тој ќе биде успешен во лекувањето на коронавирусот и од различните соеви, треба се потврди во третата фаза на клиничките студии, но досега се покажал како многу успешен.
Дури 90 проценти од тешките пациенти се опоравиле по третманот со лекот, според „Biomed Enlivex Therapy“.
Израел неделава ги објави резултатите од втората фаза на тестирањето на лекот употребен во третман на пациенти заболени со коронавирус во многу лоша состојба, а резулатите се охрабрувачки, пишува „Јутарњи лист“.
Од 16-те третирани пациенти, седум биле во критична состојба и девет во тешка состојба. Повеќето биле на возраст од 40 до 60 години, a сите припаѓале на ризични групи, односно биле дебели, имале висок крвен притисок и мнозинството биле мажи затоа што за мажите се смета дека имаат поголема стапка на смртност од корона вирусот.
Со помош на овој лек 14 пациенти се опоравиле и биле отпуштени од болница во рок од пет дена, а двајца се уште се на апарати за дишење.
Од втората фаза на испитувањето на лекот не починал ниту еден пациент.
Лекот бил успешен и во првата фаза од студијата, бидејќи се опоравиле 19 од 21 „тешки“ пациенти.
„Алоцетра“ е наменет за третман на различни потешки случаи, каде што има прекумерна активност на имунолошкиот систем, што доведува до зголемено лачење на протеини на клетките на имунолошкиот систем – наречени цитокини.
Функционира со лекување на клетки земени од здрав донатор во лабораторија, по што по влегувањето во телото на пациентот се запира воспалението или прекумерното лачење на цитокин, што е многу штетно за пациентите, вклучително и за оние со коронавирус – објасни професорот Дрор Меворач, кој што го создал овој лек.
Со други зборови, Алоцетра го забавува имунолошкиот систем и со тоа ја враќа рамнотежата на организмот предизвикана од заболувањето. Затоа е наменет за најтешките пациенти чиј главен проблем во борбата против Ковид 19 е фактот дека нивниот имунолошки систем е „надвор од контрола“ и понекоаш предизвикува фатални последици.
Некои од пациентите кај кои се користел овој лек изјавиле дека два часа по првата доза веќе почувствувале значителни промени во телото. Тие истакнале дека лекот им ја вратил силата. Иако кашлицата и проблемите со дишењето сè уште биле присутни, целокупната состојба им била значително подобра.