Шарлиз Терон: Живеев во подрум без прозорци, мајка ми ми рече да се вратам дома…

ПРИКАЗНИ

Шарлиз Терон е една од најубавите светски актерки, добитничка на „Оскар“ за нејзината улога на проститутка во познатиот филм „Monster“. Таа успеа да изгради кариера без скандал, но нејзиниот пат до Холивуд бил многу тежок и трнлив.

Оваа убава и талентирана актерка од Јужна Африка, како дете сонувала да стане танчерка, а на само 16 години добила едногодишен договор со модна агенција која ја однела во Салерно, Италија. Додека работела како модел, Шарлиз живеела во Милано и патувала низ цела Европа, но еден ден одлучила да ги следи своите соништа и да замине во Америка.

Во Соединетите Држави се запишала во престижното балетско училиште „Џофри балет скул“ во Њујорк, но поради сериозна повреда на коленото, со тешко срце морала да се откаже од балетот.

-Живеев во подрумот на еден мој пријател. Немаше прозорци, но немав избор затоа што бев целосно „декантиранa“. Кога сфатив дека повеќе нема да можам да танцувам, паднав во депресија. Кога ме посети мајка ми ми рече: „Или среди се и види што ќе правиш со твојот живот овде, или врати се дома во Јужна Африка“. Одлучив да останам и да се борам. Купив авионски билет во една насока за Лос Анџелес со намера да успеам во Холивуд – раскажува Терон, а пренесе порталот „Far Out Magazine “.

Но, животот во Калифорнија бил далеку од остварувањето на американскиот сон за кој сите зборувале. Шарлиз немала пари ни да си плати кирија, па нејзината мајка ѝ помогнала финансиски некое време.

https://youtube.com/watch?v=vq70brIQP40%3Ffeature%3Doembed

-Во една прилика таа ми испрати чек, но вработената во една банка одби да ми го исплати. Тогаш „пукнав“, бев очајна, лута, на работ на нервите… Почнав да викам, да се расправам со вработената во банката, сите гледаа во нас… Не ни претпоставував дека во тој момент меѓу клиентите е и филмски агент Џон Крозби. Тој бил сведок на мојата „бесна“ изведба, но ми пријде откако излегов од банката и ми ја даде својата визит-карта. Ми рече да го побарам, раскажува поранешната добитничка на Оскар.

Една година подоцна, во 1995 година, оваа амбициозна актерка добила улога во хорор филмот „Children of the Corn III: Urban Harvest “, а следеле и други ангажмани, претежно мали, но Шарлиз била свесна дека кога веќе стапнала во Холивуд, нема намера никогаш да се откаже.

-Знаев дека ќе биде тешко заради мојот изглед, дека ќе треба да работам понапорно и да се докажам за ме сфатат сериозно, но имав мисија – решив да успеам, вели Терон.

Набргу потоа, таа ја прекинала соработката со нејзиниот прв агент Крозби, кој ја открил и ѝ ја отворил вратата во светот на глумата. Според неа тие едноставно имале различни визии за нејзината кариера – тој ја гледал едноставно како привлечна девојка која изгледала убаво на големото платно, а Шарлиз сакала да биде многу повеќе од тоа.

-Успехот секогаш ќе дојде, се додека работиш доволно напорно. Секој пад во животот ви е всушност лекција што ќе ве научи да се кренете повторно и да продолжите понатаму. Многу рано во мојата кариера, сфатив дека има многу работи над кои лично немате апсолутно никаква моќ. Никогаш не го заборавив тоа и секогаш ме одржувало во животот, заклучува 44-годишната холивудска дива.