Aмстердам е новиот најголем центар за трговија со акции во Европа

ПАРИ FEATURED 1

Откако Велика Британија ја напушти ЕУ, од 1 јануари Амстердам е новиот најголем центар за трговија со акции во Европа.

Берзите во холандската престолнина тргуваа со 9,2 милијарди евра на ден во јануари, наспроти 8,6 милијарди во Лондон, според берзата „Cboe“, која постои и во двата града.

Во 2020 година преку „Cboe“ просечно дневно најмногу се тргувало во Лондон 17,5 милијарди евра, втор бил Франкфурт со 5,9 милијарди, а Амстердам бил шести со 2,6 милијарди.

Градот Лондон долго време предупредуваше на последиците од напуштањето на единствениот пазар на ЕУ без соодветни одредби за трговија со услуги, особено со финансиите, што пред Брегзит претставуваше повеќе од 10% од даночните приходи во Велика Британија.

Официјални лица на берзата велат дека преселбата од Лондон во Амстердам веројатно ќе биде трајна бидејќи ЕУ не покажа знаци на поврат на својот став дека акциите деноминирани во евро мора да се тргуваат во ЕУ – чиј домашен пазар Британија го напушти на 1 јануари.