A од „Хамлет“ фајде да се немало

ПРЕДЛОГ

Постоел еднаш таму некаде некој си Шекспир и тој некогаш ја напишал трагедијата „Хамлет“. Некој ја читал, некој ја гледал, некој слушнал за неа, како и да е сите треба да ја знаат приказната за данскиот принц Хамлет, затоа што се учи во средно училиште, а средното училиште кај нас е „задолжително“. Па, можеби сте слушнале, можеби сте заборавиле, но „Да се биде или не“, не значи дека „прашање е сега“ или никогаш, туку „внимавај што ќе направиш сега“ и за кого ќе го направиш тоа што планираш или не планираш да го направиш. Андреа го фрли знамето, ненамерно, туку од незнаење, непланирање… Таа знае дека треба да ја претставува земјата, но не и дека покрај себе си, тоа и навистина го прави и за другите и не е баш „симболично“. За неа тоа е симбол за обележување, припадност, но всушнот е и обичен реквизит што во моментот ѝ сметал при преставувањето на вториот дел-себе си. За осуда е, но повеќе заради тоа што во моментот не знае што и кого точно повеќе треба да ѝ е во прв план, отколку заради тоа што тоа навистина и го прави, бидејќи не е намерно, побарале од неа, таа мислела дека така треба и сеслучи тоа што се случи. Но, не е еднинствената што не ја научиле како се однесува со знаме и како се однесува кога си државата…

Што всушност е дилемата? Одлуката на Хамлет е дали да се однесува како, во тој момент син на татко, или син на убиениот крал, или обичен син и внук чиишто чичко и мајка со намера го убиле татко му, и можеби да си дозволи да им прости. Тој одлучул место себе си, сопствниот гнев, љубов и трагедијата што му се случила, да ги стави правата и правдата на народот, бидејќи местото што му е дадено, лозата на која припаѓа му даваат права но и обврски да служи и одлучува од името на народот, а не за себе. Тој бил кралски син и требало да се однесува како таков, не обратно.

Нашата претставничка на „Евровизија“ е пред истата дилема, само што во моментот одлучи за себе, не за сите нас кои нè претставува. Се рабира, трагедијата не е толку голема, бидејќи одговорноста секогаш е индивидуална, но во општество со „маскирани“ вредности кои се учат од инстаграм ѕвезди, „инфлуенсери“.., сè некако обратно се сфаќа, па малото парче жолто-црвена хартија и пластично стапче лесно се најде на земја.

Колку и да не изгледа убаво, ова е прекрасен пример за во иднина, барем сега ќе се знае, знамето ќе биде високо горе, но и „Хамлетот“ исто така. Секој што ја претставува јавноста и е платен и од народни пари треба да знае дека кога носи одлуки и постапува во име на другите, не може да си ја олесни работата така лесно и едноставно, да го фрли тоа што му смета на земја и да си се однесува како да си е дома.

И за крај, да ја „ишнеме мувата од капата“ и да си кажеме дека затоа што некој не знае што претставува има и други, многу повиновни „ликови“, кои исто така го прескокнале „Хамлет“ во „средно“, само нивната „фотосесија“ не е толку јавна.