Гори магацин во кругот на поранешната фабрика „Треска“, противпожарните единици се на терен, соопштија од Центарот за управување со кризи. Пожарот избувнал попладнево и зафатил пластични материјали, дрва, грмушки и отпад, што предизвикало густиот црн чад во центарот на Скопје.
Досега нема пријава за повредени лица во пожарот.