На интернет се споделува многу интересен текст и ви го пренесуваме интегрално. Се однесува на родените во една поранешна држава на која многумина сè уште добро се сеќаваат.
„ЗА СИТЕ РОДЕНИ 1950-ти, 60-ти, 70-ти и 80-ти…
ПРВО, НИЕ ПРЕЖИВЕАМЕ И СЕ РОДИВМЕ НОРМАЛНИ, ИАКО НАШИТЕ МАЈКИ ПИЕЛЕ АСПИРИНИ КОГА ИМАЛЕ ГЛАВОБОЛКИ, ЈАДЕЛЕ ХРАНА ОД КОНЗЕРВИ, ПУШЕЛЕ И РАБОТЕЛЕ ДО ПОСЛЕДНИОТ ДЕН ПРЕД ДА СЕ ПОРОДАТ И НИКОГАШ НЕ БИЛЕ ТЕСТИРАНИ ЗА ДИЈАБЕТ. КАКО ДЕЦА СЕ ВОЗЕВМЕ ВО АВТОМОБИЛИ БЕЗ ДЕТСКИ СЕДИШТА И ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА. НЕ НОСЕВМЕ КАЦИГИ НА ГЛАВАТА ЗА ДА ВОЗИМЕ ВЕЛОСИПЕДИ ИЛИ РОЛЕРИ… ВОДА ПИЕВМЕ ОД ЦРЕВОТО ЗА ПОЛЕВАЊЕ НА ГРАДИНАТА, НЕ ОД ШИШИЊА КУПЕНИ ОД ТРГОВСКИ ЦЕНТАР, СО ДРУГАРИТЕ ДЕЛЕВМЕ ИСТО ШИШЕ КОКТА, КОЛА… И НИКОЈ НЕ УМРЕ ПОРАДИ ТОА.
ЈАДЕВМЕ МЛЕЧЕН СЛАДОЛЕД, БЕЛ ЛЕБ И ВИСТИНСКИ ПУТЕР, ПИЕВМЕ „КОЛИ“ КОИ И ТОГАШ БЕА ПОЛНИ СО ШЕЌЕР, НО НЕ БЕВМЕ ДЕБЕЛИ ЗАТОА ШТО СЕКОГАШ СИ ИГРАВМЕ НАДВОР. ИЗЛЕГУВАВМЕ ОД ДОМА НАУТРО И ПО ЦЕЛ ДЕН СИ ИГРАВМЕ: „БРКАНИЦА“, „ЏАМЛИИ“, „КАУБОЈЦИ И ИНДИЈАНЦИ“, „ЛАСТИК“, „ФАНТОМИ“ И Сè ДРУГО ШТО САМО ДЕТСКАТА ИМИГИНАЦИЈА МОЖЕШЕ ДА ГО СМИСЛИ, И Сè ДОДЕКА НЕ СЕ ВКЛУЧИ УЛИЧНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ, ШТО И НЕ ГО ИМАШЕ БАШ НАСЕКАДЕ, РЕТКО КОЈ МОЖЕШЕ ДА Нè НАЈДЕ, ПА ШАМАРОТ ОД РОДИТЕЛОТ БЕШЕ ДЕЛ ОД ВОСПИТУВАЊЕТО БЕЗ ДА БИДЕ СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО.
И НИКОГАШ НЕМАЛО ПРОБЛЕМ…
ПО ЦЕЛИ ДЕНОВИ ПРАВЕВМЕ ДАСКИ ЗА ТРКИ ОД ОТПАД ИЛИ ОД НЕКОЈ ПОДРУМ ИЛИ ШУПА, И СЕ ТРКАВМЕ НА ПАТОТ ЗАБОРАВАЈЌИ ДЕКА НЕМАМЕ НАПРАВЕНО КОЧНИЦИ. ПО НЕКОЛКУ ПАЃАЊА, СКРШЕНИ ПРСТИ И МОДРИЦИ… НАЧИВМЕ КАКО ДА ГИ РЕШИМЕ ПРОБЛЕМИТЕ. НИЕ НЕМАВМЕ ИМАГИНАРНИ ПРИЈАТЕЛИ. НИЕ НЕ ГИ ДОДАДАВМЕ ПРИЈАТЕЛИТЕ, ТУКУ ГИ СТЕКНУВАВМЕ НИЗ ВРЕМЕТО!!!!!!!!! НИЕ НЕМАВМЕ ПРОБЛЕМИ НИ СО КОНЦЕНТРАЦИЈАТА ВО УЧИЛИШТЕТО…
НЕ НИ ПРЕПИШУВАЛЕ ТЕРАПИИ ПРОТИВ ХИПЕРАКТИВНОСТ. НЕМАВМЕ УЧИЛИШЕН ПСИХОЛОГ И ВОСПИТУВАЧ, ПА СЕПАК ГО ЗАВШИВМЕ УЧИЛИШТЕТО И НЕ ПРОДАВАМЕ ДРОГА ПРЕД НЕГО. НЕМАВМЕ ПЛЕЈСТЕШЈН, НИНТЕНДО, ИКС-БОКС, НЕМАВМЕ ВИДЕО ИГРИ, НЕМАВМЕ 99 КАНАЛИ НА ТЕЛЕВИЗИЈА (САМО ДВА И ТОА ПОПЛАДНЕ), НЕМАВМЕ ИНТЕРНЕТ, ЧЕТ СОБИ…
ИМАВМЕ ПРИЈАТЕЛИ И ИЗЛЕГУВАВМЕ ДА СЕ ДРУЖИМЕ СО НИВ!
ПАЃАВМЕ ОД ДРВЈА, СЕ СЕЧЕВМЕ НА СТАКЛО, СКРШИВМЕ И ПО НЕКОЈ ЗАБ, НОГА ИЛИ РАКА, НО НАШИТЕ РОДИТЕЛИ НИКОГАШ НЕ ОДЕЛЕ НА СУД ЗА ТОА. СИ ИГРАВМЕ СО ЛАК И СТРЕЛА, ПРАВЕВМЕ САМИ СНЕШКОВЦИ, ЌУЌИ ОД СНЕГ, СПИЕВМЕ ЗА НОВА ГОДИНА, ГЛЕДАВМЕ ЦРТАНИ И СИТЕ ПРЕЖИВЕАМЕ БЕЗ ПОСЛЕДИЦИ!
СЕ ВОЗЕВМЕ СО ВЕЛОСПИЕД ИЛИ ОДЕВМЕ ПЕШКИ, ТРЧАВМЕ ДО КАЈ ДРУГАРИТЕ, ЅВОНЕВМЕ НА ВРАТА ИЛИ САМО ВЛЕГОВМЕ ВО НИВНАТА КУЌА И СЕ ДРУЖЕВМЕ. КОГА ЌЕ НАПРАВЕВМЕ ПРОБЛЕМИ СО ЗАКОНОТ, РОДИТЕЛИТЕ НЕ НИ ПЛАЌАА КАУЦИЈА И НЕ ТРЧАА ДА НЕ ИЗВЛЕЧАТ, ВСУШНОСТ ЧЕСТО БЕА ПОСТРОГИ И ОД САМИОТ ЗАКОН!
ПОСЛЕДНИТЕ 50 ГОДИНИ БЕА НАЈПЛОДНИ ГОДИНИ ВО ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ. НАШИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ГИ ДАДОА НАЈДОБРИТЕ ИСТРАЖУВАЧИ И НАУЧНИЦИ ДОСЕГА. ИМАВМЕ СЛОБОДА, ПРАВО НА ГРЕШКИ, УСПЕХ И ОДГОВОРНОСТ И НАЧИВМЕ ДА ЖИВЕЕМЕ СО НИВ!
ДАЛИ И ТИ ИМ ПРИПАЃАШ НА ТИЕ ГЕНЕРАЦИИ?
ЧЕСТИТКИ! МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ГО СПОДЕЛЕТЕ ОВА СО ДРУГИТЕ КОИ ИМАА СРЕЌА ДА РАСТАТ КАКО ВИСТИНСКИ ДЕЦА, ПРЕД АДВОКАТИТЕ, ДРЖАВИТЕ И ВЛАДИТЕ ДА ПОЧНАТ ДА КАЖУВААТ КАКО ТРЕБА ДА ЖИВЕАТ!
МОЖЕБИ БИ БИДЕ ДОБРО ДА ГО СПОДЕЛИТЕ ОВА И СО ВАШИТЕ ДЕЦА ЗА ДА ЗНААТ КАКО ПОРАСНАЛЕ НИВНИТЕ РОДИТЕЛИ!
ЗА ДА СЕ ОЛЕСНИ ЧИТАЊЕТО, ПОРАКАТА Е НАПИШАНА СО ГОЛЕМИ БУКВИ!
ПОЗДРАВ ГЕНЕРАЦИЈО, ДА СТЕ ЖИВИ И ЗДРАВИ. СЕКОЈ ОД НАС Е АНГЕЛ СО ЕДНО КРИЛО И САМО ПРЕГРНАТИ МОЖЕМЕ ДА ЛЕТАМЕ…“