Видео со едно дете како гушка улични кучиња го освои интернетот

ПОЗИТИВНО

Како треба да се однесуваме со напуштените кучиња и животни воопшто покажа едно прекрасно момче со име Ибрахим.

Тој бил снимен од жител на една од блиските згради, додека одејќи кон училиште, со ранец на грбот, гушка и гали две напуштени кучиња, Видеото е направено во Грозни (Чеченија), а момчето по објавувањето на видеото е препознано од неговите блиски.

Иако многу луѓе лошо се однесуваат со кучињата скитници или едноставно ги избегнуваат, ова момче покажа дека може многу подобро.

„И ова се случува?! Срцето ми се стегна! Беше радост да се гледа“, се наведува во описот на видеото на Фејсбук.

Ибрахим без никаков страв им пријде на кучињата и им понуди искрена, детска љубов.

Прво го гушна големото и го погали малото куче. Потоа си тргна по патот, но се предомисли и реши да им се врати и да ги гушка уште малку.

„Го видов видеото. Тоа е Ибрахим“, изјави за „Додо“, Катерина, пријателка на семејството на Ибрахим.