Британската кралица во тешка состојбa, Би-Би-Си ja прекина програмата и информира за состојбата на кралицата

ИНФОРМАЦИИ

Лоши вести доаѓаат од Бакингемската палата откако беше објавено дека кралицата Елизабета Втора е под постојан лекарски надзор и со лоша здравствена состојба.

Би-Би-Си ја прекина редовната програма и моментално емитува само вести за кралицата.

Исто така, локалните медиуми јавуваат дека е откажана ноќната смена на чуварите во Бакингемската палата.

Пред портите на замокот Балморал во Шкотска се собираат луѓе. Полицајци ја чуваат портата на патеката што води до замокот, каде што на кралицата ѝ се придружуваат членовите на нејзиното семејство.

Кон замокот патува и принцот Хари откако бил информиран за здравјето на неговата баба. Тој е на пат кон Балморал без Меган, неговата сопруга, која останала во Лондон. Освен Хари и Меган, сите членови на кралското семејството веќе биле пристигнати во Балморал.