Викенд – временска прогноза

За викендов нè очекува топло време со температури до 20 степени, а од понеделник под влијание на нов влажен бран повторно ќе има врнежи од дожд. Денеска и утре во утринските часови ќе има магла и ниска облачност по одделни котлини. Во недела ќе има зголемување на облачноста и ќе почне да дува умерен до засилен јужен […]

Временска прогноза

Времето во земјава денеска ќе биде умерено до значително облачно со сончеви периоди, а на места со слаб дожд особено во планинските региони. Ќе дува и слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од 2 до 6, а дневната од 9 до 16 степени. Во Скопје, умерено до значително облачно со слаб претежно јужен […]

Државниот инспекторат за животна средина ја лансираше платформата „Пријави загадување во два чекори“

Државниот инспекторат за животна средина ја лансираше платформата „Пријави загадување во два чекори“. Пријавувањето е едноставно, со испраќање порака преку фејсбук страницата на ДИЖС, мејл адресата prijavi@sei.gov.mk, веб-страница www.sei.gov.mk , и преку полето „Пријави“ не е-мапата на загадувачи www.mapanazagaduvaci.mk. Во пријавите граѓаните треба накратко да го опишат проблемот кој го пријавуваат, да ја наведат локацијата каде забележале загадување, доколку […]

Законот променет, ќе може да се увезуваат вакцини против ковид

Создадени се законски основи за издавање на одобрение за ставање во промет на вакцините против Ковид 19 кога подносителот на барањето нема седиште на територијата на државата. Со 70  гласа „за“ Собранието на Република Северна Македонија денеска го донесе Дополнетиот Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по […]

Бензините и дизелот со иста цена, поевтинува екстра лесното масло

Од ноќеска на полноќ нова пониска цена ќе има Ексстра лесното масло за домаќинство за половина денар, а малопродажните цени на бензините и дизелот остануваат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Според одлуката малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) остануваат на […]

Временска прогноза

Времето денеска ќе биде облачно со сончеви периоди. Ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец, а за вечерните и ноќните часови се предвидуваат повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во западните делови врнежите повремено ќе бидат поинтензивни и проследени со засилен југозападен ветер. Минималната […]

Дизелот поевтинува за половина денар по литар

Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за половина денар по литар, а цената на останатите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,10 отсто. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 0,5 денари за литар […]

Од утре, 21-ви јануари, рестораните и угостителските објекти ќе работат до 21:00 часот со некои исклучоци

Владата на Република Северна Македонија на 40-тата седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на одлуката за работното време на рестораните и другите угостителски објекти согласно која од 21-ви јануари се укинува одлуката за ограничување на работното време на рестораните и другите угостителски објекти за работа до 18:00 часот. Согласно овие измени, […]

Џо Бајден стана 46. американски претседател

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден денеска положи заклетва на церемонијата на инаугурација на скалите пред Капитол Хил, во Вашингтон, со што стана 46-от претседател на САД. На церемонијата, прва заклетва даде новоизбраната потпретседателка Камала Харис, првата обоена и првата жена потпретседател на САД во нејзината историја. Денешната церемонија следеше по хаотичниот изборен процес во земјата, […]