Соларната сонда „Паркер“ стигна до Сонцето

ПАТУВАЊА SLIDE

Соларната сонда Паркер на Американската вселенска агенција (НАСА) се приближува до Сонцето на 6,1 милион километри и ќе ја истражува неговата површина и атмосфера. Оваа информација ја потврди и НАСА.

Сондата е најбрзиот објект некогаш изграден за да му се приближи на Сонцето, а беше лансирана во 2018 година за да им помогне на научниците подобро да го разберат надворешниот слој на Сонцето. Се движи со брзина од 435.000 милји на час, пишува „Sky News“ и треба да му се доближи на Сонцето. Како што појаснија, сондата се движи со таква брзина што растојанието помеѓу Лондон и Њујорк може да го помине за само 29 секунди, а толку огромна брзина постигнува поради екстремно високите гравитациони сили.

Предниот дел на леталото се очекува да достигне температури од 1.400 Целзиусови степени додека е во надворешната атмосфера на Сонцето.

Научниците соопштија дека податоците од оваа мисија ќе стигнат на Земјата до 27 декември.