Илон Маск се пофали колку ослабнал: Oземпик Дедо Мраз

ЗАБАВА SLIDE

Милијардерот Илон Маск објави фотографија на неговата платформа „X“ и се пофали колку килограми намалил. На фотографијата тој позира покрај новогодишна елка, облечен во костим на Дедо Мраз.

„Оземпик Дедо Мраз“ – напиша тој покрај фотографијата, алудирајќи на фактот дека зема лек кој првенствено се користи за лекување на дијабетес тип 2, но некои познати личности го користат и порадин неговиот непосакуван ефект – слабеењето.

Неговата објава собра десетици милиони прегледи за помалку од 24 часа. Сепак, познатите „твитерџии“ препознаа добра можност да се пошегуваат и забавуваат на негова „сметка“, а има и такви кои му ја кажаа и вистината во лице.

„Доволно си богат за да си зготвиш оброци без многу маснотии, што резултира со губење на тежината. Толку е едноставно“, му напиша еден негов фан.