Дензел Вашингтон стана свештеник

ЗАБАВА

Познатиот холивудски актер Дензел Вашингтон и добитник на Оскар во саботата се крсти во храмот Кели во Њујорк и доби дозвола за свештеник.

Пред самиот чин на крштевање, 69-годишниот актер низ солзи рече: „Помина некое време, но конечно сум тука“.

Неговата изјава до медиумите ја пренесе надбискупот Кристофер Брајант, а ја објави „Пејџ Сикс“.

„Ако Бог може ова да го направи за мене, нема нешто што не може да го направи за вас. Само небото е граница“, наводно додал актерот.

На крштевањето присуствувала и неговата сопруга Паулета Вашингтон, пресреќна што, како што истакна, „го направил овој голем чекор кон својата вера“.

„Четириесет и шест години подоцна, сè уште стојам покрај него како што само Господ може да испланира“, рече актерката која со Дензел ги има синот Џон Дејвид (40), ќерката Катја (37) и близнаците Оливија и Малколм (33).

„Многу сум горда за тебе. Ти си глава на нашата куќа и им даваш одличен пример на нашите деца, кои сега се возрасни и ја знаат разликата, затоа што им ја покажавме“, рече Паулета.

Крштевањето на двократниот оскаровец дојде откако пред еден месец зборуваше за религијата во Холивуд.

„Кога ме гледате, го гледате најдоброто што можев да го направам со она што ми го даде мојот господар и спасител. Не ми е страв, не ми е гајле што другите мислат. Кога зборувам за стравот – ми велат, „не ти не можеш така да зборуваш а да имаш освоено Оскар. Не можеш така да зборуваш и да се забавуваш, Не можеш така да зборуваш во овој град, Сега сум слободен. За тоа не се зборува во овој град. За тоа не се раговара, не е популарно, не е секси. Но, тоа не значи дека луѓето во Холивуд веруваат“, изјави тој за време на интервјуто за „Esquire“.

Во таа прилика тој истакна и дека „во Холивуд не постои група актери верници“.

„ШтоХоливуд воопшто значи? За мене тоа значи улица наречена Холивуд Булевар. Не е како сите да сме се сретнале некаде и да разговараме за тоа во што веруваме. Така што не знам колку други актери веруваат. Не сум направил анкета. А и од каде би знаел кога нема „состаноци на кои актерите разговавараат за верата“, додаде Вашингтон.