Кога се прогласи пандемија на коронавирус и следуваше првата забрана за движење, можеби и не ни беше толку тешко. Сите имавме недочитани книги, недовршени домашни работи, недогледани филмови, серии… Но, пандемијата сè уште е актуелна, а пред нас сè уште постои предизвикот што да се прави дома, или кој филм или која серија да се гледа, со оглед на фактот дека и филмската индустрија мирува.
„Vikings“, „Game of Thrones“, „Моney Heist“… сето тоа ви е изгледано. Па, ѕирнете ја најавата на една малку постара серија (2005), што се снима и денес, „Supernatural“, со доволно сезони и епизоди, поинаква тема, а одговара и за љубителите на акција, хорор, фантазија и, се разбира, драма. И да, ако ве интересира рејтингот, според IMDB е 8.4.
Дин и Сем се браќа кои ги следат стапките на нивниот татко. Тие се борат со злобни натприродни суштества од многу видови, вклучувајќи чудовишта, демони и богови кои шетаат по земјата…