Eве зошто Јапонците се нација од соништата: Два воза специјално возеле до затворена станица за само една девојка да заврши средно училиште

ПОЗИТИВНО SLIDE

Железничката станица Ками-Ширатаки која се наоѓа на северниот јапонски остров Хокаидо, пред многу години била затворена поради нејзината оддалечена локација и прекинувањето на транспортот со товарни возови. Сепак, Јапонската железничка служба се предомислила откако открила дека на една млада девојка ѝ е потребна оваа станицата за да оди во средно училиште секој ден.

Со години возовите застанувале на станицата само за неа.

Јапонската железница ја држела отворена железничката станица се додека таа не го завршила училиштето.

Девојчето го завршило училиштето на 26 март 2016 година и станицата повторно била затворена, а дотогаш секој ден два воза специјално возеле до станицата Ками-Ширатаки со единствен возен ред во зависност од тоа кога девојката треба да оди и да се врати од училиште.